Научниците во игра: мерки за развој на научните вештини Teach article

Преведено од Наталија Ацеска (Natalija Aceska) & Александра Ацеска (Alexandra Aceska). Во вториот од двата артикли кои се за развивањетона процесите на истражување, хипотези и…

ИСТРАЖУВАЊЕ НА
ЗАПЧЕНИЦИТЕ

Да се сумира, научните вештини се фундаментални за науката и дозволуваат секој да може да води истражување и да донесува заклучоци. Ние сме уверени дека има сериозен едукативен јаз во оваа ареа како и во носењето на овие одлики во учлилницата, така и во тренирањето на наставниците. За да се олесни воведот на правилата во училиштето за научното истражување, ние произведовме сет од активности во лабораторија кои ќе се користат во основните и средните училишта. Во првиот од двата артикли (Tifi et al., 2006), дискутиравме за развојот на овие активности и ги објаснивме игрите со вклучување на машините за трансформирање. Подолу, ние ги објаснуваме и заштитите- физички црни кутии за да го инспирираат истражувањето, хипотезата и тестирањето.

МЕРКИ

Принципите позади заштитата се слични кај оние кај машините за оперирање, кои се опишани во нашиот прв артикл, но овие физички црни кутии имаат најмалку два надворешни дела кои претставуваат влез и излез. Деловите можат да бидат обоени конци, ротирачки копчиња или дршки и пречка или скосен лост. Двете се споени, преку внатрешен механизам од запченик, вител и појас или Technic Lego®. Алтернативно, сличните објекти може да бидат искористени како што се цевките најдени во пенкалата-коректори.

Учениците ги истражуваат конструкциите и прават експерименти, манипулирајќи со еден од надворешните делови (Влез) и нормалното набљудување (Излез) на другите надворешни делови.

Моделирање на
припадничка лента

Машините со запченици и копчиња може да имаат две или повеќе тркала со иста или различна големина. Тие можат да бидат споени со еден конец или со долг појас, креирајќи голем асортиман на скриени механизми. Погледнете подолу за план за конструкција на лентата за заштита.

Со едноставен калем намотан со два обоени конци во различни насоки скриени позади кутија за карти, вие можете да направите машина која тргајќи го црвеното конче прави белото конче да биде спуштено внатре. Ако конците се намотани во две различни насоки на две коаксијални макари на многу различен дијаметар, самото тргање на истите прави кутијата да се движи вертикално самата од себе, додека , пак тргањето на едниотт конец прави другиот конец да биде спуштен внатре на различно ниво. Видете подолу за план за конструкција на заштитата на подигнатите запченици.

Овие пронајдоци се најпопуларни кај децата од 4-5 одделение (10-12 години), кои работат во групи од 3-4 ученици и ентузијастички работат на ефективни модели, користејќи гајтан, тркала и оска направена од молив и лента од хартијаw1.

АПАРАТ ЗА МАЈКАТА

Не само тоа што учениците внимателно го набљудуваат однесувањето на машината и го снимаат вистинскиот доказ, како и што претпоставуваат, ги развиваат, дебатираат и ги бранат своите модели, тие исто така имаат силна креативна потреба да направат нивни сопствени прототипи од моделите. Една група го користела принципот на машината со гајтан за да направи убави апарати за мајките, кои во други зборови биле произведени на самата фабричка трака и зависеле од страната на која била туркана истата.

Манипулативниот аспект на овие допирливи машини го охрабруваат претставничкото и кинаестетичното размислување кое зависи од научното гледиште и спекулацијата. Понатаму, децата се чувствуваат удобно со овие пронајдоци затоа што тие се на исто ниво, развиваат сосема нова работа со учениците кои ги имаат истите способности. Ова е остар контраст низ кое се гледа ниското ниво кое децата често ги имаат во познатите науки. Не е необично да се најдат деца кои соработуваат успешно и активно учевствуваат во овие моделирања и кретивни активности, без разлика на тоа колку се слаби на училиште.

ПЛАН ЗА КОНСТРУКЦИЈА НА ЗАШТИТАТА ОД ПОДИГНАТИТЕ ЗАПЧЕНИЦИ

МАТЕРИЈАЛИ

  • Картонска кутија
  • Два делови од јаки обоени гајтани долги 50-70 цм
  • Два дела од компактен пенлив стиропор се сечат за да одговараат на спротивните ѕидови од кутијата, двата со дупка на средината
  • Пластична цевка (пр. Од пенкало) и оска која се вметнува во цевката (ова треба да биде долго колку што се спротивните страни од кутијата и дозволува надворешната цевка да се менува и да ротира слободно; цевката е пократка од внатрешната оска па така таа е слободна да ротира еднаш кога е свртена во кутијата)
  • Калем кој што може да се залепи за цевката со поголем дијаметар
  • Еден или два дискови кои се адаптираат на ротирачката цевка , за да го контролираат свиткувањето на гајтанот
  • Два ореви.
МАТЕРИЈАЛИ

 

ПРИКАЧУВАЊЕ НА КАЛЕМОТ

 

Здружување на припадноста

 

МЕТОД

Припадност во работата
  1. Отворете спајалица и загрејте го во оган. Користете ја нејзината најжешка точка за да направите дупка во пластичниот калем каде што сакате да го залепите гајтанот и каде што истиот ќе биде свиткан. Ставете го гајтанот низ дупката и зацврстете го со голема шајка. Додајте уште едно парче гајтан којшто ќе го врзите блиску до центаот на цевката.
  2. Додајте уште еден дел од калем и прицврстете го близу центарот од цевката.
  3. Внесете го гајтанот скоро до центарот од цевката и потоа зацврстете ја шајката со капка од лепило што брзо се суши. Двата калеми мора да бидат вртени колку што е можно побрзо до центарот на цевката.
  4. Внесете го дискот за одбројување на спротивната страна на големиот гајтан (ова е опционално). Ако вдлабнатината на гајтанот не е доволно длабока користете уште еден сиск за да ги поделите двата гајтани и да ги заштитите од одвојување.
  5. Пресечете 50-70 цм од секој гајтан. Направете две тесни дупки во центарот на двете спротивни страни на кутијата. И двете да бидат направени под прав агол во насока на ротирачката оска и потоа истата пикнете ја во дупките. Едниот гајтан мора да биде комплетно извиткан околу своето седиште. Заврзете по еден орев на секој слободен крај од гајтанот.
  6. Внесете ја оската во цевката и поставете ја ротирачката оска преку двата правоаголници од стиропор поставени надвор од кутијата.
  7. Внесете го механизмот во кутијата вадејќи ги гајтаните за да ги оставите да се движат слободно внатре и назад. Затворете ја кутијата и врзете ја само ако сте сигурни дека работи добро, а потоа дајте им ја на децата!

ОПЕРИРАЊЕ

Кога двата конци се тргнати, кутијата се движи нагоре и надолу низ гајтанот којшто е свиткан околу малата макара. Ако ја намалиме силата на тргање ние дозволуваме силата на гравитација да влијае врз кутијата. Стапките на исчезнување и појавување на двата конци се пропорционални на дијаметарот на макарата за која се залепени.

Корисно е да се започне да се игра со слична машина во која големата макара е одсутна и каде двата конци се свиткани околу еден калем. Децата ќе смислат поедноставен модел, па така ќе биде полесно за нив потоа да го направат и моделот со две тркала.

ПЛАН ЗА КОНСТРУКЦИЈА НА ЗАШТИТАТА СО ЛЕНТА

МАТЕРИЈАЛИ

 

Повторно закачување на
лента на тркалата

 

ЗАВРШНАТА ЗАШТИТА НА
ЛЕНТАТА

 

  1. Отворете стара касета за снимање.
  2. Одблокирајте го крајот на лентата, исечете голем дел од неа, а оставете само 20-25цм и потоа повторно зацвртете ја истата на тркалото (види ја сликата).
  3. Затворете ја лентата во кутија, зацврстувајќи ја со селотејп.
  4. Направете две мали дупки во кутијата кои кореспондираат на двете тркала на касетата. Покријте ги запчаниците за да ги направите невидливи однадвор и потоа затворете ја кутијата.
  5. Моделирајте две пенкала кои си одговараат кои што ќе ги адаптирате на запчаниците позади дупките.

Оваа конструкција е многу интересна за децата и истата треба да претставена по едноставните конструкции на запчениците и макарата. Конструкцијата на лентата може да биде покомплицирана ако понатаму се сменат едното или двете тркала со едно големо.


References

Web References

Resources

  • Американската Асоцијација за Унапредување на Науката укажува дека клучните научни концепти мора да бидат дадени во контекст на автентично разбирање на тоа како научниците работат на нивната работа за да направат заклучок. На пример, види овде.

Author(s)

Alfredo Tifi предава во техничко училиште (instituto tecnico industriale statale) E. Divini San Severino, Marche, MC, Italy.

Natale Natale предава во средно училиште (scuola media) Caiatino, Chiazzo, CE, Italy.

Antonietta Lombardi работи во канцеларијата за образование ( direzione didattica) Bernalda, MT, Italy

Review

Овај артикл се справува со научниот процес на учење во училиштето и јас го препорачав за наставниците и професорите во основните и средните училиште. Тие се практични описи на тоа како да конструирате црни кутии со скриен состав. Овие се добри примери за различни кутии кои можат да се користат од ученици на различни години кои ќе својствуваат на нивните способности. Сликите ги покажуваат кутиите и експериментите се направени за да им помогнат на учителите да ги направат црните кутии.

Sølve Marie Tegner Stenmark, Норвешка

License

CC-BY-NC-SA

Download

Download this article as a PDF