Бродот – изложба МБ Ајнштајн: летачки извор на ученичкото знаење Teach article
Преведено од Наталија Ацеска (Natalija Aceska) & Александра Ацеска (Alexandra Aceska). Замислете товарен брод кој не превозува јаглен или друг тежок товар, но нешто многу…
„Најважно е никогаш да не престанете да прашувате.“ Тоа беше советот на Алберт Ајнштајн даден на млад студент во 1955г. За таа цел тоа беше прикладно мото за изложбата на бродот МБ (моторен брод) Ајнштајн – проект Науката во Дијалог. Почнувајќи од 9 мај 2005г, бродот патуваше низ Германија, застанувајќи на 36 различни градови. Тоа конечно го заврши патот во Базел, Швајцарија на 19 септември.
Бродот долг 105 метри веќе беше на пат со неговиот необичен товар за многу години. Тоа не беше, видовте, носејќи товар од контијнери или јаглен, но доволно многу “почувстителен“ товар: научна изложба дизајнирана за широката публика, вклучувајќи деца и млади. Темата на изложбата се избира секоја година во склад со тогашниот предлог на Германскиот Министер за Образнование.Во 2002г, универзитетот во Бремен го креира бродот „Geoship“. После тоа, МБ Хемија (хемија, 2003), МБ Техника (технологија, 2004) и МБ Ајнштајн (2005) испловија за „Науката во Дијалог“w#w11. Целта на оваа иницијатива од Германските научни организации е да се привлече внимание на сегашното научно истражување, како и да се охрабри жив дијалог помеѓу светот на науката и јавноста.
Две недели пред планираниот почеток на изложбата, капетан Албрехт Шеубнер го донесе МБ Џени (долгогодишното име на бродот) во закажаната лука во Бремен. Изложбата, која беше планирана за претходните месеци, беше потоа брзо поставена на “бина“. Благодарение на младите научници, изложбата беше отворена за посета.
„Колку брзо времето поминува?“ , „Навистина нема ништо побрзо од брзината на светлината?“, „Зошто стареам побрзо на Земјата отколку кога сум во летачка чинија патувајќи низ вселената?“ Одговори на овие прашања и многу други кои можеа да бидат најдени на МБ Ајнштајн.
Во внатрешноста на бродот -изложбата се наоѓаа девет тематски зони објаснати во теориите добитник на Нобеловата награда на начин што дури и оние што не се физичари би можеле да ги разберат. Зоните ги покриваат: фотоелектричниот ефект, општите и специјалните териории на релативноста, еквиваленцијата на масата и енергијата, стимулираната емисија како и козмологијата.
Во дел од бродот, презентирани се аспекти оо приватниот живот на Ајнштајн. Крајно, и неуспехот на истражувањето на Ајнштајн за обединета теорија беше демонстриран симболички низ употребата на огромна тридимензионална и (речиси) нерешена дрвена сложувалка.
Ова се само неколку примери од бројни интерактивни станици од изложбата. Намерата на прирачната изложба беше се разбира да се раководи со нив и да ги испита. Љубопитноста доведе една училишна група да се собере околу маса во просторијата „Ајнштај и јас“. И тоа беше точно и целта на оваа соба – да се пробуди љубопитноста и да се поттикни “апетитот“ кај децата и возрасните за истражување и проучување. Учениците соработуваа за да се обидат да најдат решенија за заплетканата сложувалка на екранот, на пример: се обидоа да спојат 9 точки (подредени во редица од 3*3) со четири прави линии. Секој сакаше да си ја проба среќата, но бројни обиди пропаднаа. Со мала помош од еден од организаторите на изложбата, како и да е, учениците конечно успееа и резултирачката еуфорија ги пратеше до следната маса и до следниот предизвик.
Изложбата на МБ Ајнштајн беше организирана за ученици во 9 одделение (15 години) и постари. Како и да е и помладите деца беа во состојба да останат зафатени и да имаат забава со бројни компоненти за играње на изложбата.
Многу наставници никогаш не ги виделе своите ученици толку заинтересирани. За наставниците, посетата на бродот – изложба ги дополни нивните часови за природно-научни предавања. Изложбата ги демонстрираше употребите на научните теории во секојдневниот живот, како и покажувајќи истражувања кои беа направени во универзитетските и истражувачките центри. Учениците имаа можност да се приближат до практичната и секојдневната примена на работата на научниците. Ученичкото знаење и школската работа би можеле да бидат видени во релација на поголема слика.
Има се разбира и ученици кои не може ништо да ги одушеви. Како и да е, речиси никогаш немало проблеми на бродот за изложба: континуираното обогатување на интерактивните концепти постепено ја ослободи изложбата од вандализам. Мешавината од инерактивност, застој и концентрација беше клучот.
Меѓу оние кои ја планираа изложбата на брод беа преставинците од научните организации како што се „Здружението Fraunhofer“w3, „Здружението Helmholtz“w4, „Здружението Leibniz“w5и „Здружението Max Planck“w6. Заедно со агенцијата на изложбата, тие осигуруваа дека предложените изложби беа прикладни за прирачни средства за изложбите. Целта на изложбата беше да се направи значително откритие достапно до поширока публика.
Фактот дека изложбата беше на брод значи дека многу луѓе присуствувале кои нормално не би посетиле научна изложба. Невообичаената локација и фактот дека тоа беше бесплатно донесе многу случајни посетители. Луѓето кои само сака да разгледаат често завршуваа поминувајќи многу часови во „летачкиот научен центар“ и се појавуваа повторно следниот ден со пријатели или фамилија на “врат“. Организаторите на изложбата воглавно слушнаа само позитивни повратни реакции.
Младите научници во тимови од четири “водачи“ беа задолжени за одговарање на прашањата на посетителите и надгледување на изложбата. Многу беа толку возбудени од работата што тие се враќаа година по година. Овие ученици од најразлични научни полиња беа способни да успеат во комуникацијата и пренесувањето различни научни теми на други. И тие беа исто така спремни да го прифатат тоа дека на крајот од денот тие можеби ќе фатат правосмукалка или штрафцигер за да бидат осигурани дека се ќе беспрекорно спремно за следниот ден.
После околи четири месеци и 100 000 посетители, изложбата беше завршена: присутните и организаторите си отидоа дома, изложбите беа вратени во нивните институции, а МБ Џени се врати назад носејќи го неговиот нормален товар. Но планирањето продолжува: МБ Наука – Спорт и Информатика ќе користи спортски теми во 2006 за да одговори на прашањата како што се „како функционираат компјутерите?“ , „што можат да прават“ и „каде би можеле да се употребат?“w2 Повторно слоганот ќе биде: Здраво научници!
помошта е корисна
Web References
- w1 – Проектот Wissenschaft im Dialog („Науката во Дијалог“) е обврзан да осигура константен дијалог измеѓу научниците и што е можно повеќе луѓе и социјални групи
- w2 – Детали од патувањето на МБ Наука во 2006, вклучувајќи и распоред на времето (Германија)
- w3 – Fraunhofer Gesellschaft е најголемата организација за применето истражување во Европа
- w4 – Helmholtz Gemeinschaft е Германската најголема институција за истражување
- w5 – Leibniz Gesellschaft е научна организација составена од 84 не-универзитетски истражувачки институти и сервиси
- w6 – Институтите од Max Planck Gesellschaft вршат основно истражување во интерес на јавноста за природните науки, животните науки, социјалните науки и човештвото
Review
Добредојдовте на научно патување на брод по Германските реки!
Бродот-изложба патуваше низ многу градови по Германските реки секое лето со научна изложба. Идејата е дека тоа што е истражено и откриено во лабораториите и универзитетите е во интерес на сите нас, бидејќи науката и истражувањето значајно влијаат на условите на живеење и културата во нашето општество.
Бродот (кој оргинално беше наречен МБ Џени, но кој го сменуваше неговото име секоја година во согласност со темата на изложбата) е отворен за класовите во училиштата и сите посетители од Мај до Септември: Ова година името е МБ Наука – Хемија и Информатика. Прочитај ја оваа статија и оди на брод!
Sølve Marie Tegnér Stenmark, Норвешка